Време на духовна глад.
Време на одбивање на духовната храна.
Човекот упорно одбива да се идентификува со Ѕвездите,
се валка во минливите вредности
на материјата
а од Духот бара да му се множат дните
АМБРОЗИЈА
Храна со која Боговите си ја обезбедувале
бесмртноста...
Храна која со овие неколку ликовни дела
Човекот Јасмина се обидува
да ни ја понуди
нам, Луѓето
Дали ќе ја прифатиме поканата?
Дали ќе подадеме рака кон послужавникот?
Амброзија е почетничко, но не и помалку
вредно дело од слики кои потекнуваат од
една искрена душа, гладна за духовна храна.
Амброзија е специјалитетот кој
денес ви го нудам...
Повелете послужете се!